Press "Enter" to skip to content

УКЛО домаќин на конференција ЕУ по руската инвазија – нов потенцијал за забрзан пристапен процес на Западен Балкан? (фотогалерија)

На 05 април 2022 година, Универзитетот “Св.Климент Охридски”-Битола во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел и Институтот за општествени истражувања – МК91 од Скопје организираа „Катедра Аденауер 2022: ЕУ по руската инвазија – нов потенцијал за забрзан пристапен процес на Западен Балкан?“. Покрај бројни академски кадри и студенти, на настанот што се одржа во Офицерскиот дом во Битола присуствува и се обратија ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски,и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, а на катедрата беше присутна и претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, проректорот проф. д-р Игор Неделковски, гости, студенти од УКЛО.Настанот го отвори Давор Пашоски, од Фондацијата Конрад Аденауер, а учество зедоа и Катерина Јакимовска од  Центар за европски студии Вилфрид Мартенс и Васко Наумовски, во својство на претседател на Институтот за општествени истражувања – МК91, кој беше и модератор на панел дискусијата.  Свое обраќање пред присутните на панел дискусијата, имаше градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна:-Сакам да Ви се заблагодарам што во Битола се одржува еден ваков настан кој во насока на слободата, правдата и солидарноста, актуелизира важни прашања кои се однесуваат пред се, на создавањето можности за слободен и достоинствен живот во европски и меѓународен контекст. Како држава, во последните повеќе од две години, и ние ги чувствувавме многу од проблемите со кои се соочуваат најголемиот број од земјите од светот. После „борбата“ со корона кризата, сега се соочуваме со економска и енергетска криза. Последиците од моменталните воени дејствија, факт е дека влијаат и врз нашиот социо – економски напредок, но сепак сигурен сум дека со добро стратешко делување и на централно и на локално ниво, можеме да направиме многу повеќе за полесно да се надминат моменталните состојби и да се подобри животот на граѓаните.Според  ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски денес, повеќе од било кога,опкружени со неизвесност, соочени со драматични пресврти во нашето живеење, сочувството на опасно приближување до она што се нарекува колективна трагедија, колективна катастрофа,некои прашања добиваат огромно значење,а одговорите се од исклучителна важност, трагаме по нив, тие стануваат наш приоритет, тие се егзистенцијални.-Деновиве сведоци сме на бројни тркалезни маси, научни собири, на слични теми. Ова е уште еден наш заеднички придонес,уште еден ангажман на академијата, институциите, експертите, поединците кои го користат универзалниот јазик на науката, на искуството, на експертизатаза идентификување на она што сме, што сме биле и што ќе бидеме и можеби каде сакаме да бидеме, да движиме vis a vis eвропската творба која еве веќе 72 години повеќе или помалкууспешно одолева на бројните предизвици, рече Коруновски.Свои излагања за темата изнесоа и академските професори од УКЛО, Горан Илиќ и Марјан Ѓуровски, Јован Андоновски од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, како и  Кирил Миноски, поранешен министер за финансии.Инаку, Катедрата Конрад Аденауер претставува научно – образовна платформа на која студенти, експерти и претставници на академската заедница дискутираат и ги споделуваат своите гледишта околу актуелни теми кои се однесуваат на ЕУ и на идното проширување на Унијата особено по руската инвазија на Украина.

Е.Атанасоска

More from ВестиMore posts in Вести »