Press "Enter" to skip to content

Нема повеќе, по две години ќе ги фрлиме маските, препорака на Комисијата за заразни болести

-Поради стабилната епидемиолошка состојба, Комисијата за заразни болести препорачува да се укине мерката за задолжителното носење заштитни маски во затворен простор, иако памдемијата не е завршена.

-Д-р Александар Петличковски очекува нивните препораки да бидат побрзо прифатени и донесени.

Според комисијата, останува обврската да се носат заштитни маски во здравствените установи, аптеките, домовите за стари лица и во јавниот превоз, вклучително и такси-возилата.

Комисијата, исто така, препорача да се укине епидемиолошкото следење на контактите на потврдените случаи на вирусот, со што се укинува и последователната препорака за изолација на контактите. Изолацијата не се укинува за лицата што се позитивни на вирусот.

Зелено светло за препораките треба да дадат Главниот кризен штаб и Владата, кои сè уште не се произнесоа ниту за претходните мерки на Комисијата, а се однесуваа на тоа средношколците да можат да одат на училиште без да носат маски и да може да се организираат училишни екскурзии

Според д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата во останатите затворени простори маските може да се носат само по желба на граѓаните, но задолжително носење нема да се практикува, а тоа се однесува и за наставниците во училиштата. Возрасните лица, оние со хронични заболувања, но и оние што се имунокомпромитирани, да ги користат маските како нивна лична заштита од вирусот.

За овие нивни предлози треба да се изјаснат Главниот кризен штаб и Владата, кои сè уште се немаат изјаснето ниту за претходните мерки на КЗБ. Тие се однесуваа на тоа средношколците да можат да одат на училиште без да носат маски и да може да се организираат училишни екскурзии.