Press "Enter" to skip to content

Периќ: жал за поразот пред домашната публиката, Мојсов: одигравме 5 натпревари за 9 дена, Тамше: за ваков натпревар се игра ракомет

На официјалната прес-конференција по завршувањето на натпреварот во Битола, каде Еурофарм Пелистер беше порашен од Нексе зборуваа капитенот Јосип Периќ и помошник тренер Божидар Мојсов.

Во име на тимот зборуваше капитенот, Јосип Периќ, кој рече:-Сакам да им честитам на ракометарите на Нексе за заслужената победа и на фактот што славеа во овие два дуела. Не успеавме да ги искористиме шансите, а противникот ги казни сите оние „црни дупки“ кои ги имаме. Најголемата жал останува што загубивме пред нашата публика, мислам дека тоа е она кое најмногу боли. Мора да заздравиме од овие порази, немаме време за жалење, затоа што чекаат домашните предизвици.

Асистентот на главниот тренер Божидар Мојсов рече:-Им честитам на ракометарите на Нексе за победата и многу успех и им посакувам место на „фајнал-фор“. Што се однесува до нас, одигравме еден тежок меч. Играчите беа истрошени, имавме пет натпревари во девет дена. Не успеавме да се рекуперираме и да одиграме успешно. Меѓутоа, што е тука е, Нексе беше поцврст кога беше потребно и тука ние ја испуштивме нашата шанса. Благодарност до навивачите, заслужија барем победа. Сега се фокусираме на она кое ни остана, тоа е да ја донесеме титулата во Битола.

Словенечкиот стратег на клубот од Нашице, Бранко Тамше, на прес-конференцијата истакна:-Прво, би сакал да го кажам она кое го очекував. Цел ден им кажував на играчите, дека Битола има публика која пее цел натпревар и е главна поддршка на играчите. Благодарам на гостопримството, беше совршено. Знаев дека чека еден тежок меч. Ние на почетокот влеговме лошо, Еурофарм Пелистер диктираше свој ритам и казнуваше. Нашиот стил на ракомет го игравме еден дел во првото и еден дел во второто полувреме. Така успеавме да ја направиме клучната разлика. Горд сум на својот тим, победивме пред едни од најракометните навивачи. На Еурофарм Пелистер му посакувам она кое тимот најмногу го сака, тоа е титулата. 

More from СпортMore posts in Спорт »