Press "Enter" to skip to content

Биба Додева на средба со Коњановски и Илиевска за подобрување на состојбата на пациентите болни од карцином

-Под мотото „Наша планета, наше здравје“, денес се одбележува 7 април, Светскиот ден на здравјето.

Во време на пандемија, загадената планета влијае на зголемување на бројот на лица со срцеви заболувања, рак, астма. Токму од тие причини, Светската здравствена организација, глобалното внимание на овој ден го фокусира на итни активности, потребни за зачувување на здравјето на луѓето и планетата и поттикнување на движењето за создавање општества фокусирани на благосостојба.

Во тој контекст, на Светскиот ден на здравјето, Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, имаа средба со претставници на Здружението „Борка – За секој нов ден“, на која со претседателката на здржението Биба Додева, разговараа за состојбата со заболени од рак на територијата на општината, за помошта и поддршката која им е потребна на тие лица, како и за ресурсите кои може да бидат искористени на локално ниво за подобрување на состојбата на пациентите.

Согласно спроведената  анкета за испитување на јавното мислење за функционирање на Комисии за права на пациентите во единиците на локалната самоуправа и резултатите од истата, се јави потреба за  дискусија за формирање на Комисија за права на пациентите, беше нагласено на денешниот состанок.

Претседателката на „Борка“ предложи, општина Битола во својата програма да преземе активности за креирање на ваква комисија која ќе биде од голема важност за унапредување  и заштита на правата на пациентите, со оглед на тоа дека Битола треба да биде лидер во регионот и да ги искористи и унапреди сите постиечки капацитети за подобрување на квалитетот на здравствените услуги. Иницијативата беше прифатена од страна на Коњановски и Илиевска, додека постапката за формирање останува да биде дефинирана и спроведена во следниот период, во кој се очекува поголема и долгорочна соработка помеѓу општината и здружението.

Коњановски и Илиевска, истакнувајќи ја значајната улога на здравствените работници во изградбата на здравствениот систем, како и нивната посветеност, професионалност, и грижа за здравјето и животот на граѓаните, во име на општина Битола, испратија честитки по повод Меѓународниот ден на здравјето, нагласувајќи дека и во понатамошниот период ќе се зголемува соработката на локалната самоуправа со здравствените работници и други субјекти кои работат во оваа област на подигнување на јавната свест, со цел постигнување на резултати од бенефит за сите граѓани.

More from ВестиMore posts in Вести »