Press "Enter" to skip to content

Библиотеката и “Сумнал“ одржаа предавање “Болести на тироидната жлезда“

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола и Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ по повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето и 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите организираа предавање на тема „Болести на тироидната жлезда“. Предавањето го одржа прим. д-р Никола Костурски, кој зборуваше за болести на тироидната болест, начин на лекување, исхрана и превенција.
 
Инаку штитната жлезда е една од најважните ендокрини жлезди во човековиот организам и таа е животно важна. Сместена е во пределот на гркланот и од тие причини доколку видно е зголемена може да биде видлива и во тој случај зборуваме за гушавост или велиме дека пациентот има гуша. Штитната жлезда е мал орган, кој се состои од два дела или, ги нарекуваме, два лобуса, два резена кои се поврзани со еден централен, средишен дел. Нејзината е улога е во регулирање на метаболизмот, односно материите во организмот. Тоа значи дека без неа не може да се одвива прометот на материите во организмот, односно клетките не би можеле да работат правилно и да се снабдуваат со храна, односно не можат да ја регулираат енергијата која се ослободува со цел за да може да се обавуваат функциите во организмот, почнувајќи од мозочните функции, срцевата, функцијата на нервниот систем и на се друго во организмот.