Press "Enter" to skip to content

Битолчаните Данчо Бизевски специјалист орален хирург и Енес Бајрамов, доктор по дентална медицина на меѓународен конгрес во Дубровник (фото)

Во хотел “Шератон“, Дубровник, Република Хрватска, се одржа 9. Меѓународен конгрес за дентална имплантологија организиран од друштвото за дентална имплантологија на Република Хрватска. Настанот беше збогатен со излагања на голем број еминентни европски предавачи, клиничари и специјалисти, а помеѓу нив како автори учествуваа и двајца битолчани.Овој високоценет настан во европски рамки, е единствена и ретка можност да се претстават сите најнови тераписки пристапи, проблеми и предизвици со кои се соочуваат оралната хирургија и имплантологија.Македонската делегација предводена од битолчанецот спец. д-р Данчо Бизевски специјалист орален хирург, во која има уште еден битолчанец д-р Енес Бајрамов, доктор по дентална медицина, со својата тема “Хируршки аспекти, предности и недостатоци на методите на конвенционална и компјутерски водена имплантација во предна максила” успешно го претстави пред широк аудиториум, најновиот концепт за најефикасно и најбезбедно решавање на беззабоста кај различни групи на пациенти, со помош на дентални импланти, однапред испланирани со помош на компјутерски софтвер.Модерниот пристап, рамо до рамо со светските трендови во оралната и имплатна хирургија, отвори можност за меѓусебна соработка на нивната матична здравствена установа, “Нова Дентал Хирургија“ со најголемите европски центри од областа, а за пациентите уште едно револуционерно и ветувачко тераписко решение. Имено, компјутерски водената имплантна хирургија од неодамна е уште една рутинска оралнохируршка процедура која се изведува со висок процент на успех во оваа установа.Воведувајќи ги најновите стандарди во лекувањето на оралнохируршките заболувања и состојби, спец. д-р Данчо Бизевски и “Нова Дентал Хирургија“ уште еднаш го потврдуват долгогодишниот примат како една од водечките здравствени установи за орална и имплантна хирургија во државата, а и пошироко.