Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го назначи Владо Талевски за нов в. д. директор на Јавното претпријатие за стопанисување со Индустриска зона Жабени- Битола.
Талевски е поранешен раководител во Термоелектрани Битола, бил задолжен за меѓународнна соработка во “Електрани на Македонија“ и учествувал на повеќе проекти со Големи корпорации како “SIMENS“, “Babcock Borsig“, “Power Machines“ и сл. На почетокот на својата кариера бил демонстратор на Техничкиот факултет во Битола, на отсекот по машинство.
Тој по професија е машински инженер, избран за најдобар студент на генерација, магистрант во областа производно-машинство, национален консултант на “UNIDO“ ( United Nations Industrial Development Organization) за Електрани на Македонија. Исто така работел на регионалниот проект топлификација на Битола, Могила и Новаци.