Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 2.285 тестови, а регистрирани се 202 нови случаи на КОВИД-19, во Битола се 24.
Регистрирани сe 201 оздравен пациент од Битола се 22.
До сега во Битола има 14.943 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 168 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица, нема од Битола.
Направени се 89 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 79 и преку “Плодност“ 10.
Досега во земјата се направени вкупно 1.976.805 тестирања на КОВИД-19. купната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.344, бројот на оздравени пациенти е 296.574, на починати е 9.236, а бројот на активни случаи изнесува 1.534.