Press "Enter" to skip to content

Пелистер од Битола и Пелистер од Трелеборг-Шведска одигра пријателски натревар под Тумбекафе (фотогалерија)

Пелистер Битола – Пелистер Трелеборг 3:0 (0:0)

Во рамките на мини турнејата на фудбалерите на Пелистер од Трелеборг, Шведска, попладнево во Битола, на стадионот “Петар Милошевски“, под Тумбекафе, одиграа пријателски натпревар со екипата на домаќинот Пелистер.Екипата на Пелистер од Трелеборг на теренот излезе со екипата со која настапува во нижите аматерски лиги организирани од Шведкста фудбалска федерација, а екипата на Пелистер од Битола настапи во комбиниран состав од неколку првотимци и дел од младинскиот погон.Првото полувреме помина во рамноправна игра, а додека пак во второто полувреме домаќинот постигна три гола, за конечен резултат од 3:0.Екипата на аматерите од Трелеборг немаа сили да се носат со екипата на Пелистер, но како рекоа резултатот воопшто не бил важен за нив, туку ова е едно искуство повеќе за овие фудбалери, кои веќе во недела во Шведска играа првенствен натпревар.Во рамките на мини турнејата во Битола екипата на Пелистер од Трелеборг вчера играше против екипата на Новаци на теренот во Новаци и е поразена со резултат 3:1.Утрешниот ден ќе го поминат во прошетка на Охрид, а во вечерните часови се враќаат во Битола, а како истакнуваа фудбалерите ќе го паметат овој престој во нашиот град само по убави спомени.Инаку, фудбалскиот клуб Пелистер од Трелеборг е формиран во 1970 година, а има настапувано и во поквалитетните лиги во Шведска, во аматерска конкуренција, а како ни рекоа на нивните натпревари има по 1.000 гледачи.

More from СпортMore posts in Спорт »