Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“: денес без вода Кравари, Егри, Оптичари, Меџитлија, Терминал и “Кромберг и Шуберт“

ЈКП “Водовод“ од Битола ги известува граѓаните дека денес, 7 април 2022 година, четврток, поради дефект на водоводната мрежа ПВЦ Ф -225, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од селата Кравари, Егри, Оптичари, Меџитлија, Терминал и “Кромберг Шуберт“.

Прекинот ќе трае од 09:00 часот до завршување со санацијата.