ЈП “Паркинзи Битола“ започна со акцијата за отстранување на непрописно паркираните возила, во соработка со СВР Битола и општина Битола. Акцијата започна на 05.04.2022 на просторот околу Офицерски дом, каде што во текот на викендите има голем број на непрописно паркирани возила, а во наредните денови продолжуваме со улиците каде што се детектирани голем број паркирани возила на коловозни ленти, тротоари и зелени површини.
Ве замолуваме вашите возила да ги паркирате на местата каде тоа е дозволено, а со тоа би се одвивал побезбеден сообраќај и би имале побезбедно движење на сите пешаци.
Нема никаква промена во цените на пајак службата, а Правилникот за отстранување и преместување на непрописно паркирани возила кои го попречуваат безбедното движење во сообраќајот се дополнува со ставката за подигнување на хаварисани возила и приколки и нивно чување.