Press "Enter" to skip to content

Вангел Алтипармаковски тренер на Работнички, романтичарите од Дебар маало

Нашиот сограѓанин Вангел Алтипармаковски – Геле заедно со Стојан Игњатов во наредниот период ќе го водат Работнички, по отказот кој го доби нивниот претходник, Борче Христов. Раководството на Работнички одлучи овие двајца да го водат клубот. 

За назначувањето Антимарковски ни рече:

-Голема чест е да се биде на чело на еден клуб со голема традиција во Скопје и Македонија. Рано е за било што да се каже нешто повеќе, но ни престои многу работа, а тоа нас не не плаши туку ни е мотив повеќе.

Дебито на клупата го имаа против екипата на Брегалница во Прилеп кој го добија со 3:0. Алтипармаковски во изминатите години ја водеше младинската екипа на Работнички, а својата фудалска кариера, заедно со својот брат Марјан ја започна во Пелистер.

More from СпортMore posts in Спорт »