Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 39:18 (19:10)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола, гледачи: 500
Судии: Даниело Божиновски и Виктор Начевски
Еурофарм Пелистер: Секељи, Кизиќ, Мараш 1, Ојлески 5, Маркоски 2, Маџовски 5, Кукуловски 5, Мандалиниќ 1, Радовиќ 7, Танкоски 1, Периќ 1, Костески, Кукоски, Божиќ Павлетиќ 6, Граџан 5, Обрадовиќ
Еурофарм Пелистер 2: Јовановски, Трајковски, Ристевски, Буторац 2, Илиев 1, Николовски 1, Митревски 3, Петковски 1, Талевски 4, Стоилевски, И. Димитровски, Белистојановски 2, Петар Атанасијевиќ 1, Ѓорговски 1, Табаковски 1, Мицески 1.Поради репрентативните настапи на македонската сениорска конкуренција градското ракометно дерби во Битола, на клубовите кои го носат истото име Еурофарм Пелистер се одигра во невообичаен термин, петок, 16 часот. Во овој братски натпревар победија поискусните, екипата на Еурофарм Пелистер, која го победи Еурофарм Пелистер, со резултат 39:18, полувреме 19:10.
Првото полувреме Еурофарм Пелистер го започна убедливо со 6:1, со головите на бековите, по што следуваше минута одмор за Јовиќ. Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 намалија на -4, но кај двете екипи играа со постигнување на многу голови, па така на полувреме Еурофарм Пелистер имаше +9 (19:10).
Почетокот од вториот дел започна со “мешани“ состави кај двете екипи, а тренерите во игра го внесоа сите ракометари кои ги имаа на располагање, но квалитетот и “подолгата“ клупа на поискусниот брат дојде до изра. По десетина минути се помина разликата од +10, а лесно се постигнуваа голови на двете страни, за конечни 39:18.
Најефикасни кај Еурофарм Пелистер Радовиќ со 7 и Божиќ Павлетиќ со 6 гола, кај Еурофарм Пелистер 2 Талевски со 4 гола.