Press "Enter" to skip to content

На “Магнолија“ во Битола одбележан Меѓународниот ден на Ромите (фотогалерија)

За разлика од претходните две години кога поради пандемијата симболично се одбележуваше 8. Април, Меѓународниот ден на Ромите, оваа година прославата повторно се врати на плоштадот “Магнолија“ во Битола каде традиционално се одржувала.Прославата на Светскиот ден на Ромите беше во организација на невладината организација “Ромска ѕвеѕда“.На прославата сите присутни ги поздрави претседателот на НВО “Ромска звезда“, Џевдет Џеловски и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.На прославата беше изведена и музичка програма во која учествуваа музичари Роми и нивни гости.Инаку, меѓународниот ден на Ромите, 8. Април  официјално е прогласен во 1990 година  на Светскиот конгрес на Меѓународната унија за Ромите во Полска. На конгресот претставници на Роми од 14 држави донесоа одлуки за знаме, химна, за прогласување на ромскиот јазик и за воведување на терминот Ром. На Првиот конгрес на Роми во Лондон во 1971 година, ромскиот јазик е деклариран како официјален јазик на сите Роми во светот.

Дамјана Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »