Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дератизација на територијата на град Битола, како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола го издава следново соопштение:
Се информираат граѓаните дека во периодот од 11.04.2022 год. до 26.04.2022 год, екипи на Центарот за јавно здравје ќе спроведуваат активности за превентивната систематска дератизација т.е.поставување на отровни мамци за уништување на глодари (глувци)- ПРОЛЕТНА ФАЗА. Со дератизацијата ќе бидат опфатени:
• Подземниот канализационен систем со ревизионите и прифатните шахти во сите реони на градот;
• Прифатниот канализациски систем во околината на објекти од посебен јавен интерес: детски градинки, основни, средни и високо образовни институции, Домови за сместување и престој на ученици и студенти, Домови за сместување на стари и изнемоштени лица, Домови за деца без родители и за деца со посебни потреби, медицински установи, јавни претпријатија, банки, објекти од областа на културата, објекти на локалната самоуправа и др.
• Прифатен канализациски систем на колективните станбени објекти во горе наведените реони;
• Дератизација на јавната депонија “Мегленци“ и диви депонии во градот.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 208-100, 208-125.