Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“: започнува редовно читање на водомерите, корисниците да ги исчистат

ЈКП “Водовод“ – Битола, ги информира корисниците на вода дека започнува со редовно читање на состојбите на водомерите за потрошена вода за пиење во пролетниот период.

За таа цел, се молат корисниците да ги исчистат своите водомери од зимскиот период, за полесно спроведување на самото евидентирање на состојбата за потрошена вода за пиење, од страна на инкасантската служба.