На 08.04.2022 во 14.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на Баба Планина, на околу 100 метри под врвот „Пелистер“, планинарот K.K.Р. (56) од Германија паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Со него бил извршен разговор, при што изјавил дека сам паднал и се повредил. Дирекцијата за заштита и спасување да се вклучи во извлекување на повреден планинар од врвот Пелистер на Баба Планина. Тимот за брз одговор за заштита и спасување од ПОЗС-Битола веднаш беше мобилизиран и беше упатен за извлекување на планинарот.
Во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Девејани“ настанал пожар во барака сопственост на М.Б., а која ја користел А.Б. од Битола. Во пожарот бараката изгорела целосно, а повредени лица нема. Од екипа на Територијалната противпожарна еидница Битола пожарот бил изгаснат. Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.