Многумина не знаат дека плоштадот “Магнолија“ во Битола името го има добиено по убавината на магнолиите кои се засадени на дел од плоштадот и во паркот пред Јени џамија, а токму деновиве тие се расцветани.Поради што секој поради своите мисли и проблеми, кои од ден на ден ги имаме се повеќе и поради тоа што секој со брзање поминува на “Магнолија“ да стигне до некаде, ретко ги забележуваме расцутените магнолиии, во невоибичаената розово-пурпурна боја.
Денес, сабота, по топло време, битолчани кои секој ден се во паркот и не забележаа дека фотографираме, ни рекоа дека магнолиите малку доцнат со цветањето, а тоа е поради ладното време кое го имавме во месец март, но нивната убавина е единствена, а погледот единствен.-Само од овој дел на Битола може да се забележат три симболи на Битола, магнолиите по кои плоштадот го доби името “Магнолија“, градскиот часовник, и во позадина, зад дрвјата, врвот Пелистер, кој на денешниот сончев ден се гледа од местото каде “сликате“, ни рече Љупчо Стојковски, кој ни рече дека по есенските топли денови, денес за прв пат седнува подолго време да ужива во оваа убавина.
Фото: Дамјана