Press "Enter" to skip to content

Комедијата “Чекајќи го министерот“ во која игра Лидија Вукичевиќ вечер за прв пат во Битола

Мега популарната актерка Лидија Вукичевиќ од бивште ју простори заедно со својот тим со хит комедијата од Србија “Чекајќи го министерот“ за прв пат доаѓа во Битола.

Комедијата “Чекајќи го министерот“ чии автор и режисер е Семир Гичиќ, а играат: Лидија Вукичевиќ , Семир Гичиќ и Сашо Ристовски.

-Со голема радост го чекам денот кога ќе ја видам Битола, кога ќе застанам пред битолчани. Сум слушнала дека вашата публика е прекрасна. Возбудена сум многу и многу ви благодарам на сите кои ќе бидете со мене и мојот тим во Центарот за култура. Сакам да уживаме заедно и да ја паметиме долго таа вечер. Благодарам до директорката Маја Андоновска Илиевска за поканата, со почит, ќе напише Вукичевиќ.

Лидија Вукичевиќ е една од најатрактивните српски актерки од својата генерација, па и покрај тоа што се наоѓа во шестата деценија од својот живот, таа сè уште важи за една од најзгодните жени на сцената. Таа засекогаш ќе остане запаметена по улогата на Виолета во култната ТВ серија „Подобар живот“, добро се сеќава повозрасната публика. Но, Лидија на штиците што живот значат, континуирано е присутна, па последните години голема популарност има кај публиката со претставата “Чекајќи го министерот“.
Оваа комедија се игра на секаде во Србија. Лидија Вукичевиќ со својата екипа најавува смеа за битолската публика и со задоволство чека да застане на нашата сцена, бидејќи за неа исклучителна чест ќе претставува првото гостување во Битола пред битолската публика.
Како информираат од Центарот за култура има уште многу малку билети по цена од 250 денари кои се во продажба, а можат да се набават на билетарницата од 15 до 20 часот. 
More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »