Вчера одбележан МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ на платото пред МЗ “Димитар Влахов” во населбата Баир, во Битола, проектот “БАИР здружена акција на Битола“ за вклучување на Ромите беше домаќин на овој настан во кој се славеше историјата и културата на Ромите и како потсетник дека пред нив се исправени уште многу предизвици.На прославата зборуваше градоначалникот на Битола, д-р Тони Коњановски кој честитајќи го празникот, нагласи колку е важна оваа заедничка акција на Битола за вклучување на Ромите на секое поле, со намера сите предизвици да ги претвориме во решенија и да ја направиме оваа највисока точка на градот Битола, уште подобро место за живеење.
Беа доделени и специјални признанија за личности кои дадоа свој личен придонес во реализирањето на овој проект кој е финисиран од Европска унија, имплементиран од италијанската меѓународна организација COSV, фондација Преда плус и Општина Битола.
Во програмата свој настап имаа бројни гости: Музичка група СУПЕР МОМЦИ, настапи и популарниот учесник на талент шоута Ваберто Даутовски, кларинетистот Ерик Демиров, КУД – Тернипе од Битола, DJ SENAT SLIМ, а се презентираше и модниот дизајнер Мухамед Маликовски.

На Баирот на платото на “Тепсија“ се славеше историјата и културата на Ромите (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: Пелистер се пласира во Прва лига (фотогалерија)
- Во Битола сончево и топло со мала до умерена облачност
- Заврши фестивалот на монодрама во Битола, “Grand prix“ за “Едит Пјаф“ на театар “Годо“ од Букурешт (фотогалерија)
- Градско-братското дерби во Битола за поискусните Еурофарм Пелистер (фотогалерија)
- Битолски библиотекари на меѓународна конференција за библиотекари во Црна Гора