Press "Enter" to skip to content

Утре, недела, “Italian day“ во градска кафеана на хотел “Епинал“

Нашата приказна почнува кога 15 годишно момче сака да ја научи уметноста на пицата. Mарко, македонец по потекло кој израснал во Италија, се приклучува на тимот “Bottega della pizza“, познат ланец на пицерии во северниот крај на Италија. Младото момче не знае дека тоа што почнало како привремена работа ќе стане неговата професија љубов према пицата и италијанската кујна.

На 20 години ја има среќата да ги запознае Џенаро и Франко познати угостители од Венеција и околината, кој ќе му станат ментори. Потоа е време за градот симбол на Италија: Милано. Понудата доаѓа од “Farinella“ познат ланец на традиционални италијански ресторани и пицерии што го има секаде низ светот, вклучувајќи Америка и Европа.

Потоа се враќа во Конељано Тревизо во познатиот “Eat’s“ во центарот на градот. Следува Одерцо со врвниот “Al Gambero d’oro“. На крај да живее и работи на познатиот венецијански остров Бибионе во пицерија “Parise“ каде што останува пица шеф за 5 години. Во есента 2018 се враќа на корените во Македонија со семејството.

Идеата е едноставна, да се работи тоа што нај добро го знае и така настанува “Prova“. Името на пицеријата не е по случаен избор, Марко во италија го знаат како Марко Prova, Prova е прекарот што го имал од малечок и сега станува симбол. Од зимата 2018 “Prova l’arte della pizza“ се отвора во центарот на Охрид и го носи италијанскиот начин на готвење. Мисијата на “Prova l’arte della pizza“ е да нуди автентичен производ, спремен од експертски и искусни раце користејќи врвни материјали, да се запази традицијата но и да се гледа кон иновативност.

Покрај Италијанската пица ќе имате можност да слушнете “Италијанска” и “Медитеранска музика” интерпретирана од артистот Анита Мицова и професорката по пијано Емилија Маринова.

Недела 10 Април, почеток 13 часот.

Повеќе инфо и резервации на следните броеви 072 306 828 и 075 621 129.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »