Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: единицата за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Битола и Велес уапси дилер на дрога од Битола на наплатна во Велес

На 09.04.2022 во 23.30 чaсот на наплатна станица Сопот, од страна на полициски службеници Одделот за сериозен и организиран криминал – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Велес, СВР Битола и во содејство со Единица за службени кучиња од слобода е лишен 33 годишник од Битола, поради основи на сомнение за извршено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.

При преглед на патничко возило „БМВ“, со битолски регистарски ознаки, управувано од приведеното лице биле пронајдени и одземени ќеса со кокаин и едно пакување со марихуана.

Лицето е приведено во СВР Велес за понатамошна постапка, а за случајот е известен Јавен обвинител и по негово документирање против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.