-Кугларите на Пелистер второпласирани во Купот, добија и награди за второ место во првенството.
-Двете екипи на кугларките на Пелистер Пин со пехар и медали, поискисните први екипа А, младинските Б трети во првенстото.
-Стефанија Алексовска од Пелистер Пин најдобра кугларка во оваа сезона во женска конкуренцијав во Македонија. Вчера во кугланата во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола се одржа Купот во куглање, а вечерта без прогласени најдобрите екипи во Купот во машка конкуренција и најдобрите екипи во првенството, а прогласени и најдобрите поединци во машка и женка конкуренција.
Преодниот пехар, пехарите и медалите и плекетите ги додели Предраг Николиќ, претседател на Кугларската федерација на Македонија, кој за кугларските случувања во Битола ни рече:
-Не само мене, мислам дека и мноу други ги радува тоа што Битола ја доби оваа современа куглана, што куглањето не е само во Скопје, туку сега имаме и тука. Ова донесе и поголема конкуренција, а битолски екипи има меѓу најдобрите. Сакам на сите кои добиваат награди да им ги честитам, а догодина секое од нив да биде посјајно.
Победник на Купот беше екипата на Макпетрол А, второ пласирана екипата на Пелистер, а третопласирана екипата на Макпетрол Б.
По свеченото прогласување на екипите победници во Купот беа доделени признанијата на најдобрите екипи и поединци во првеснтвото во машка и женска конкуренција.
Екипата на Пелистер во машка конкуренција во првенството добија пехар и медали за освоено второ место, а победник и тука е екипата на Макпетрол А.
Во женска конкуренција екипата на Пелистер Пин А, е првопласирана во првенстото во женска конкуренција, а екипата на Пелистер Пин Б е трето пласирана.
Кугларката на Пелистер Пин А, Стефанија Алексовска е прогласена за најдобра кугларка на Македонија за оваа сезона.
Алексовска ќе биде претставник на Македонија во европското првенство во Естонија.
С. Ристевски