Press "Enter" to skip to content

Горјан Стојановски: во Битола по две години пауза, во мај, ќе се организира Велигденски кошаркарски турнир

Поради пандемијата со ковид-19 по пауза од две години во Битола на почетокот на мај ќе се организација Велигденски кошаркарски турнир кој ќе биде во организација на  КК Младост, КК Пелистер и Општина Битола ќе се организира 10. меѓународен Велигденски кошаркарски турнир.

-Велигденски кошаркарски турнир ќе се одржи во три категории кадетки родени 2008/09 кадети родени 2007/08 и младинци родени 2005/06. Натпреварите ќе се играат во 4 спортски сали и тоа салата на гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Битола, салата на економското училиште “Јане Сандански“, салата на медицинското училисте д-р Јован Калаузи и спортската сала “Боро Чурлевски“. На турнитот во двата дена ќе се одиграат 36 натпревари.
На турнирот ветераните на КК Младост ќе одиграат еден натпрер. Исто така во програмата на турнирот се натпревари од најмладите играчи на школата на КК Младост, шутирање за три поени и кошаркарски вештини, вели Горјан Стојановски, кој е организарот на турнирот во изминатите години.

Покрај клубот организаторот КК Пелистер/Младост клубови кои го потврдија своето учество се: КК Охрид со три екипи, КК Пробаскет Кавадарци со една женска екипа, КК Декса од Прилеп со три екипи, КК Мега баскет од Прилеп со две екипи, КК Јасмин со две екипи, КК Шкупи од Скопје со три екипи. Клубови од кои се очекува потврда се КК Лесковац Србија, Корца Албанија, Басхкими Косово и Подензано Италија.

На последниот турни кој се одрза во 2019 година учествуваа 360 учесници и тоа 120 ветерани и 240 во младинска конкуренција и тоа играчи од: Србија, Косово, Албанија, Бугарија, Хрватска и Италија.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »