Академија Пандев – Пелистер 2:0 (0:0)
Фудбалерите на Пелистер во Битола од гостувањето во Струмица се врашаат со нов пораз, а а како одминуваат колата се поизвесно е дека идната сезона во Битола ќе гледаме вт0ролигашки фудбал. Пелистер е поразен со 0:2 во 27. коло од Првата фудбалска лига.
Првото полувреме помина во знак на одбраната на “пелистерци“ која добро се носеше со нападот на “пандевци“. Првиот гол беше постигнат второто полувреме во 51. минута, кога домашниот тим поведе од пенал, а пеналот во гол го претвори Митровски. Вториот гол за Академија го постигна Велиновски во 85 минута од натпреварот.