Пелистер – ТФТ 110:106
Екиката на Пелистер беше во резултатски минус до 1,36 минута до крајот, но успеа во Битола да ја победи екипата на ТФТ и да остане лидер на табелата, без ниту еден домашен пораз, откако добро се измачи да дојде до бодови и како првопласирана екипа во регуларниот дел ќе влезе во Суперлигата.Првата чествртина беше рамноправна и заврши со резултат 23:25 за гостинската екипа, а екипите се сменуваа во водството, а играа без одбрани и беа постигнати голем број на кошеви кај двете екипи.
Втората четвртона беше во знак на гостите кои со три последователни тројки направија двоцифрена предност. Во завршницата на чествртината судиите поделија неколку технички грешки, но ТФТ Скопје на одмор замина со предност од 52:64. Третата четвртина започна со кошеви на гостите, а Пелистер започна да игра подобро во одрана и ја намали разликата, на ТФТ на самиот крам имаше +11, а Младеновиќ со звукот на сирената, со тројка намали на -8.
Последната четвртона беше да се биде или не за битолчани, па затоа агресивно започнаа и намалија на 93-97 во 35. минута. Кесар и Малешевиќ ја стопија гостинската предност и “пелистерци“ првпат поведоа во 39. минута. ТФТ цели четири минути не погоди од игра и Малешевиќ од слободни фрлања ја потврди победата.
Најефикасни кај домашната екипа беа Mалешевиќ со 38 и Кесар со 19 поени.