Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 77 годишна жена фрлила отпушок од цигара-предивикала пожар во фабрика-еден повреден, 98 возачи денес возеле пребрзо

Битолчанката В.А. (77) вчера пријавила во полиција во Битола дека околу 15.30 часот во нејзина нива на ул. „Индустриска“ настанал пожар од отпушок од цигара кој го фрлила, но пожарот не успеала да го изгасне. Пожарот се проширил на соседната фабрика, а при обид да го изгасне пожарот, со повреди се здобил 29 годишен, вработен како обезбедување.

На 10.04.2022 во времето од 10 – 18 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 98 возачи. 38 санкции се изречени на територија на Битола, 30 санкции на територија на Прилеп,  20на  територијата на Ресен,  3 санкции на територија на Демир Хисар, 7 во Македонски Брод. 

More from ВестиMore posts in Вести »