Press "Enter" to skip to content

Општина Битола и Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје потпишааа Меморандум за соработка

Градоначалникот Тони Коњановски и ректорот, професор д-р Аце Миленковски, денес потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Општина Битола и Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје.Соработката помеѓу двете договорни страни ќе се одвива во повеќе насоки, меѓу кои и: партнерство во аплицирање на проекти од заеднички интерес, реализација на практикуми за студенти, како и организирање на настани од заеднички интерес. Меморандумот предвидува и подобрување на капацитетите во општината со реализација на обуки и работилници, соодветна експертска поддршка, како и мотивација на идните студенти за упис на додипломски студии.

More from ВестиMore posts in Вести »