Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: претрес во домот на приведеното лице кај Сопот, физички напад во објект за игри на среќа, каснување од куче скитник

На 10.04.2022, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола, врз основа на наредба од Основен суд Битола, ивршиле претрес во домот на дилерот приведен на наплатата станица Сопот, од Битола. При претресот биле пронајдени и одземени прашкаста материја, марихуана, повеќе капсули од различен вид, дигитална вага со траги од непозната материја, други предмети и пари во различни валути и апоени. Тој, на 09.04.2022 во 23.30 часот на наплатна рампа Сопот беше лишен од слобода од полициски службеници Одделот за сериозен и организиран криминал – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Велес, СВР Битола и во содејство со Единица за службени кучиња затоа што кај него беа пронајдени кокаин и марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.04.2022 во СВР Битола, Ц.М. (63) од Битола пријави дека во објект за игри на среќа на ул. „Васко Карангелевски“ во Битола бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 10.04.2022  во СВР Битола, В.К. од Битола пријавила дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.