Press "Enter" to skip to content

Теодор Најденов втор на третиот турнир, Златко Ицановски води во генерален пласман во “амерички пул билјард“

Играчите на билјард од Битола учествуваа на третиот мастерс од државното првенство во “амерички пул билјард“ од “Б“ дивизијата, кој поради големиот број на пријавени играчи се игра во “Гран клуб Скопје“ кој е и најголем и најопремен клуб во Македонија. И по третпат имаше над 30 играчи кој се натпреваруваа во најпопуларната игра во светот, а тоа е т.н. “Деветка“.

Билјард фановите од Битола се навикнаа на успеси од своите миленици, а пак затоа нашите Б-лигаши се потрудија уште еднаш да ги почестат со добри игри и уште подобри резултати, а со шест играчи повторно беа најбројни.

-Тони Петровски со 3 победи обезбеди пласман во четвртфиналето и со 5. место држи приклучок зад четворицата кои догодина ќе се пласираат во првата лига. Златко Ицановски со пласманот во финалето го оствари планот, а тоа е дополнително да се одлепи бодовно и да е сам и безбеден на првото место во генералниот пласман. Втор турнир по ред, ѕвезда на турнирот е 21 годишниот,  Теодор Најденов кој со одлична игра и со пет сигурни победи стигна во финалето. Со освоените бодови е на високото трето место во генералниот пласман, а со оглед на бодовната разлика и формата која ја има ќе биде само формалност од наредна година да се приклучат со Златко Ицановски на најдобрите. Прикажувајќи игра со однапред смислен план со професионален пристап на секоја топка и по начинот како ги изведува ударите во неколку наврати, Тео ни потврди дека во иднина треба да се смета на него, вели Горан Думевски – Панчо.

More from ВестиMore posts in Вести »