Хотел “Епинал“ во градската кафеана вчера, недела, организира “Italian day“, а на битолчани и гостите од другите градови, италијанската кујна, посебно пиците им го подготви и сервираше Марко Prova, сопственик на “Prova l’arte della pizza“ во Охрид.
Марко Prova покрај во Охрид и во Битола го донесе италијанскиот начин на готвење, а на гостите им понуди автентичен производ, подготвен од експертски и неговите искусни раце користејќи врвни материјали, да се запази традицијата, но и да се гледа кон иновативност.Покрај италијанската пица гостите имаа можност да слушаат “италијанска” и “медитеранска музика” интерпретирана од артистот Анита Мицова и професорката по пијано Емилија Маринова.