Press "Enter" to skip to content

Во Битола 23 нови позитивни, исто толку оздравени пациенти, активни 153 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 2.290 тестови, а регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19, Битола 23.

Регистрирани сe 246 оздравени пациенти од Битола се 23.

До сега во Битола има 15.027 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 153 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице, нема од Битола.

Направени се во Битола 91 ковид тестови, преку ЦЈЗ Битола 67 и преку “Плодност“ 24.

Досега во земјата се направени вкупно 1.986.783 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.967, бројот на оздравени пациенти е 297.600, на починати е 9.256, а бројот на активни случаи изнесува 1.111.

More from ВестиMore posts in Вести »