Извршниот одбор на првата седница за секретар на општинската организација ја избра Гордана Анастасова.
Анастасова е дипломиран учител и во моментов ја извршува функцијата директор на ОУ “Св. Климент Охридски“ во Битола. Таа е долгогодишен активен член на СДСМ, а изминатите четири години член на Комисијата за образование при СДСМ Битола.
По изборот на новото раководство, во најбрз рок следува избор и на нови членови на партиските комисии и тела за што членовите навреме ќе бидат информирани.