Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: со закана ограбена аптека на “Солунска“, фатен арамија на објект во изградба, физички напад, сообраќајни контроли

На 11.04.2022 во СВР Битола било пријавено дека во аптека на ул. “Солунска“ во Битола едно лице со закана кон вработената  одзело пари од дневниот промет. Увид извршила екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.04.2022 на ул.„Прилепска“ во Битола, полициски службеник од Отсекот за општ криминал при СВР Битола лишиле од слобода 24 годишно лице од Битола. Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во објект во изградба. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.04.2022 во СВР Битола, Д.М. (69) пријави дека на неговото работно место во печатница во Битола бил физички нападнат од неговиот колега. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.04.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 22 возачи, од кои 11 санкции се изречени на територија на Ресен, 6 на територија на Битола, 4 во  Прилеп и 1 во Демир Хисар.