Студентите на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола за брзо време ќе добијат студенстки парк, тоа за нив ќе биде рекреативно-креативно катче, кој ќе биде пред ФИКТ во старата касарна.Денес започна со расчистување на делот од касарната каде ќе биде студенсткиот парк, се чисти просторот за паркот и објектот каде ќе бидат студентските простории.
Ректорот на УКЛО – Битола, проф. д-р Сашо Коруновски за денешниот старт на изградбата на студенсткиот парк рече:
-Овој дел старата касарна е единствениот дел кој остана со неисечени дрвја и автентично како беше во време на функционирањето на касарната. Идејата на студентите веќе започнуваме да ја реализираме, како што се вели, стануваме од фотељите и излегуваме на терен. Се надевам дека ова ќе биде уреден простор по сите стандарди, каде студентите ќе уживаат и ќе работат, а содржините кои ќе бидат тука поставени самите ќе ги предложат и ќе ги одржуваат. Што се однесува пак до финансирањето, тоа ќе биде заедничко на Универзитетот и Општина Битола, а со тоа ќе ја потврдиме меѓусебната доверба на двете инситуции.
Претседателката на студентите на УКЛО – Битола, Симона Наумовска, рече:
-Од една идеја која ја искажавме на средбата со ректорот Коруновски, за брзо време на наша радост дојде до реализација, а тоа и го гледаме на дело. Сакам во мое име и во име на сите студенти да им се заблагодарам на Ректорската управа и на градоначалникот на Битола, кои ни излегоа во пресрет за изградба на студенстки парк. За тоа како дојдојме на идеја што да биде овој простор и што да бараме од ректорската управа, беше одлучено на форум на идеи на студентите, по пат на селекција на идеи и предлози од страна на собранието, да дојдовме до идеја дека студентите имаат потреба од простор за креативно делување, дружење и вмрежување.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, на денешната средба со новинарите рече:
-Имавме до сега две средби со ректорот Коруновски и ректорската управа, а веднаш по потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу Општина Битола и Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола започнавме со реализација на договореното. Веќе се гради студенскиот парк кој ќе биде еден убаво уреден простор на овој дел, како битолчани го викаат елитен, а тука ќе бидат сите студенти кои имаа простории во касарната, а секако и корисниците на услугите на студенсткиот дом кој е во близина. Сакам да кажам и тоа дека за брзо ќе се реализира и договореното студентите практиканска работа да ја извршуваа во Општина Битола.
ЈП “Комуналец“ – Битола ќе го уреди просторот, а веќе е исчистен голем дел од површината, искастрени дрвјата, исчистен објектот, а веќе и се уредува површината. Директорката на “Комуналец, Гордана Наумовска, на денешната средба рече дека брзината на завршувањето на работите зависи од проектот, односно што студентите ќе побараат и како тоа ќе биде вметнато во проектот, а на изведувачите на проектот и студентите им даде насоки како тоа да биде завршено на најефикасен начин.
Што се однесува пак до некои рокови за изградба дтуденскиот парк планирано е да биде готов за три месеци.
С. Ристевски