Press "Enter" to skip to content

Во Битола 29 нови позитивни на ковид-19, оздравени 16 пациенти, активни 166 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 2.216 тестови, а регистрирани се 185 нови случаи на КОВИД-19, од нив во Битола се 29.

Регистрирани сe 124 оздравени пациенти од Битола се 16.

До сега во Битола има 15.056 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 166 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.

Направени се во Битола 51 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 47 и преку “Плодност“ 4.

Досега во земјата се направени вкупно 1.988.999 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.152, бројот на оздравени пациенти е 297.724, на починати е 9.256, а бројот на активни случаи изнесува 1.172

More from ВестиMore posts in Вести »