Press "Enter" to skip to content

Фото вест: продолжува вандализирањето на анфитеатарот на Тумбекафе над Битола

Веќе подолг период се врши вандализација на анфитеатарот на Тумбекафе, ридот кој се наоѓа над Битола, кој има оригинална намена, одржување на мали приредби, промоции, мали концерти.

Најпрво се искршија вградените светилки, се оштетија гранитните плочки, а сега продолжува вандализирањето со тоа што некои наши сограѓани продолжуваат со чкртање по него, и со спрејови искипување на разни пораки, симболи, имиња…

-Тажно е да се гледа како се уништува нешто што не е толку старо, а е направено за наше добро. Јас редовно доаѓам тука, имаше поставено, камери, имаше и сијалици кои се вклучуваа на движење, но сега е се испустено. Ми е страв дека за брзо време ќе биде како ова што е подолу, како кафеаната на Тумбекафе. На некои ова место ни значи многу, а не некои ништо, само сакаат да го уништар, ни рече Љупчо, кој секој ден десетина години и повеќе е тука секој ден.