Советникот, Валентин Груевски, поднесе оставна во Советот на Општина Битола, по назначувањето од страна на Владата за директор на јавното претријатие “Национални шуми“ и од денес ја презеде новаа функција, а што и ни го потврди во телефонскиот разговор.
Груевски, кој во претходниот состав беше претседател на Советот на Општина Битола, во овој состав беше советник од Коалицијата на ЛДП и ДОМ, а на локалните изботи беше носител на советничката листа.
-Откако ќе се усвои неговата оставка, на неговото место како нов советник во Советот на Општина Битола, треба да биде следниот на листата на ЛДП и ДОМ, а тоа е Анастасија Трајковска, на која ќе и биде верифициран новиот мандат, вели претседателот на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска.Ани Трајковска беше втора на советничката листа на ЛДП и ДОМ, дипломиран инженер архитект и доктор на науки од областа на социологијата на изграденото окружување, а за време на кампањата одржа неколку трибини на тема урбанизмот во Битола.
Оставката на Груевски и започнувањето на советничкиот мандат на Трајковска треба да се случи на првата следна седница на Советот на Општина Битола.