Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пронајдено починато лице во куќа на “Димитар Влахов“, физички напад, каснување од куче скитник

На 13.04.2022 во СВР Битола било пријавено дека во куќа на ул.„Димитар Влахов” во Битола било пронајден0 починато лице на возраст од 68 години од Битола. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.   

На 13.04.2022  во СВР Битола, С.Ј. на возраст од 45 години, од Битола пријавил дека на ул.“Крсте Нале“ -Горно Оризари во Битола неговиот малолетен син бил каснат  од куче скитник. 

На 13.04.2022  во Полициското одделение Новаци, М.Б. (30) од с.Новаци пријавил дека во село Новаци бил физички нападнат од 41 годишно лице  од с.Новаци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »