Press "Enter" to skip to content

Во Битола 17 нови позитивни на ковид-19, оздравени 24, активни 157 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 1.688 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 17.

Регистрирани сe 177 оздравени пациенти од Битола се 24.

До сега во Битола има 15.095 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 157 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа,  не се регистрирани починати лица.

Во Битола се направени 59 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 41 и преку “Плодност“ 18.

, Генеа-14, Никоб Лаб-155, ВФВ Медикал-41, Ели Медика Плус-14, Ројал Медика–7, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-46, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 754

Досега во земјата се направени вкупно 1.992.684 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.390, бројот на оздравени пациенти е 298.099, на починати е 9.261, а бројот на активни случаи изнесува 1.030.