Press "Enter" to skip to content

Еко-акција на студентите на ФИКТ, се приклучија проректорот, деканот, професорите, вработените (фотогалерија)

На иницијатива на студентите на ФИКТ денес се одржа еко-акција за чистење на дворот пред Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола, а акцијата опфати и дел од Студенсткиот парк, кој деновиве започна да се уредува на иницијатива на студентите, Ректоратот на УКЛО и Општина Битола.За идејата, реализација и целите на акцијата, Софи Гајтановска, студент на ФИКТ и претседател на студенското собрание, од Кавадарци ни рече:-Еколошката акција произлезе од тоа што сите сме дел од природата и сите сакаме да биде убаво и чисто, а само кога ќе помислиме на природата тогаш помислуваме на нешто чисто. Ова беше тоа што не натера да започнеме со акцијата, која морам да напоменам откако ФИКТ е новите простории ова е прва акција. Оваа акција за нас, студентите многу ќе ни значи бидејќи тука поминуваме најголем дел од денот, на предавања, на колоквиуми, на испити и сакаме кога ќе погледнеме надвор да видиме чисто. Не сакаме да не знаме каде се наоѓаме, како сега, обрасрено, со трња, со купови губре, а кога ќе биде чисто и уредено, ова место ќе биде пропознатливо по зелено уреден парк.Кога ќе биде уредено еко-катче ние ќе го одржуваме, тука сме студентите, професорите, деканската управа, е тука е и протректорот што нам многу ни значи. Сите заедно ќе се грижиме овој парк да биде секогаш во најдобар ред, да биде како реков препознатлив дел од ФИКТ.Деканот и деканската управа излегоа во пресрет на идејата на студентите за еко-акцијата и се самите се приклучија, а деканот проф. д-р Александар Маркоски рече:-Идејата е на студентите, а јас можам да кажам дека сум фасциниран, како по првите денови по “ослободувањето“ од ковид мерките, само што започнавме со настава со физичко присуство, тие дојдоа на идеја за еко-акција и затоа ние само помагаме во акцијата она пто го имаат планирано да го сработиме заедно. Актовнистите на УКЛО, ректорот, проректорот заедно со Општина Битола, градоначалникот, треба овој простор да го направат прекрасно катче за дружење и одмор по напорната настава. Наше е да продолжиме сите да работиме тоа да се направи.Идејата на студентите беше прифатена од Ректорот и ректорката управа, а на “терен“ со студентите беше и проректорот за наука проф. д-р Игор Неделковски, кој за денешната еко-акција рече:-Идејата на студентите за студентскки парк е прекрасна, тие ни се обратија, ние се обративме до Општината, до “Комуналец“ кои не поддржаа, а пред неколку дека започнавме и со промоција и реализација. Оваа денешна еко-акција е еден пример да не чекаме само на надлежните власти да ни ја уредуваа околината, а нашите студенти и вработените се свесни дека треба сите со свој пример да придонесеме за расчистување на околината. Ме радува што еко-акцијата е пред ФИКТ и се надевам дека ќе продолжи по сите факултети, а ние од УКЛО стоиме на располагање.За заложбата на студентите само да ја одржуваат околината проректорот Неделковски дециден:

-Да, апсолутно верувам дека тие ќе го одржуваат овој простор уреден. Кога се одлучија овој запуштен парк да го доведат во пристоен ред, сигурен сум дека потоа и ќе се грижат за тој простор. Има една стара поговорка, која вели дека секогаш се грижиш за она пто ти си го спечалил, повече отколку за она што си го наследил. Овој парк студентите сами го спечалија и сигурно ќе се грижат за истото.

Инаку, напоредно со чистењето и уредување на студенскиот парк се изработува проектот за урбано уредување на истиот, секако по идеја на студентите.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »