Press "Enter" to skip to content

Ротари Клубот “Битола Широк Сокак“ со предавање “Ковид глобален предизвик на нашето време“

За предизвикот COVID-19 може да се зборува многу, да се дискутира но, најважно од сè е активно вклучување во борбата за негово искоренување. Тоа најдобро ќе се направи преку информирање на луѓето за предизвиците што ги донесе оваа пандемија, менувајќи го животот и животните навики на луѓето но, и преку зголемување на свесноста на луѓето за вакцинација.

Ротари Клубот „Битола Широк Сокак“ организира информативна средба со д-р Ели Димитровска, инфектолог- раководител на инфективно одделение и COVID центар Клиничка болница Битола. Прим. д-р Ели Димитровска пред присутните одржа исклучително професионално и детално предавање за карактеристиките на вирусот, за пандемијата, за патогеноста на вирусот, за нивната пожртвуваност и искуствата за време на пандемијата. Јасно е дека многу луѓе се плашат од овој вирус и тоа создава чувство на несигурност, осаменост и беспомошност. Соочувањето со пандемијата на коронавирусот, самоизолацијата, мерките на превенција, наметнуваат да се постави прашањето што знаеме за COVID-19. Појавата на Коронавирусот КОВИД-19 влијаеше и сеуште влијае врз луѓето на различни начини низ целиот свет. Разбирливо е дека за време на ваквата пандемија, луѓето чувствуваат страв, се загрижени, вознемирени и презаситени од постојаното менување на информациите и медиумското покривање во врска со ширењето на вирусот. Од особена важност е информираноста на луѓето за COVID-19 на што треба да се посвети големо внимание.Прим. д-р Ели Димитровска на предавањето истакна: јасно е дека зад нас оставивме период од 24 месечно искуство со оваа болест, која наметна пред нас „ново нормално“ живеење“ и оттогаш па се до денес, трае борбата со овој сеуште мистериозен вирус.

Во дел од своето предавање, д-р Ели Димитровска се осврна и на епидемиолошката состојба во светот, Р. С. Македонија и Битола. Во Битола – COVID центарот во 2020 година, вкупниот број на хоспитализирани изнесувал 1081, додека во 2021 изнесувал 1568 и во 2022 година, бројот се намалува на 358. Вкупниот број на хоспитализирани во периодот од 2020-2022 изнесува 3007 заболени. Бројот на амбулантски прегледи изнесува 19 000 пациенти. Бројот  на починати пациенти во 2020 година изнесувал 133, додека во 2021 година 231 и во 2022 година (заклучно со 24.03) бројот на починати изнесува 70. Вкупниот број на починати пациенти во Битола, во периодот 2020-2022 година, инесува 434 пациенти.

More from ВестиMore posts in Вести »