Press "Enter" to skip to content

Стефанија Алексовска и Архан Арслановски од Битола се подготвуваат за Светскиот куп во куглање во Естонија (фотогалерија)

Кугларите Стефанија Алексовска и Архан Арслановски од Битола, членови на битолските кугларски клубови, ќе ја претставуваат Македонија на Светскиот куп во куглање кој ќе се одржува во Естонија на кој ќе учествуваат 14 држави, а ќе се одржи од 15 до 18 мај. Разговорот со нив го направивме во кугланата во спортската сала, каде напорно тренираат следејќи ги инструкциите на нивниот тренер, Игор Михајловски. За учеството на Светскиот куп и подготовките тој изјави:-Светскиот куп кој ќе се одржува во Естонија градот Елва  кој се наоѓа 200 км јужно од Талин од 15-18 мај. Тоа е елитно натпреварување во организација на Светската кугларска федерацијата ФБ-НБЦ  каде ќе се натпреваруваат најдобрите куглари од 14 европски држави. Со гордост ќе кажам дека претставници од Македонија  се двајцата најдобри и најподготвени во моментот  куглари од Битола, а тоа се Стефанија Алексовска од Пелистер Пин најдобра кугларка во оваа сезона во женска конкуренцијав во Македонија и Архан Арслановкси кој има забележителни резултати во сениорска конкуренција. И двајцата имаат 4 годишно кугларско искуство. Светскиот куп натпреварување од таков формат  формат кој е краток и каде нема место за грешка. Прво играат поедичечно и ако се пласираат, одат во најдобрите 8 куглари за потоа да се натпреваруваат заедно со партнерот.  И накрај секој поедичнено. Заради сето ова тие мора да бидат максимално подготвени физички и псичкички за да го издражат товарот кој го носи ова натпреварување, додава:-Како селектор се потрудив да имаат одлични услови за работа, тука во кугланата на спортска сала во Битола. Имаат  физички и психички подготовки. Тренираат 4 пати неделно. После тренингот во куглана имаат додатни, дополнителни тренизни. Ја подготвуваат физичката кондиција со вежби во теретана, трчање во паркот. Исто така овој период со психолог ќе работиме на концентрација и  психолошка подготвеност, за да го издржат товарот кое го носи ова големо натпреварување. Мора да се спојат менталната кондиција, физичките преформанси и техниката. Пред патување на Светскиот куп една недела после првомајските празници, ќе направиме и подготовки во Србија во Нови Сад или Ковачица и Романија Клуж. Тука се  најдобрите куглани и ќе напраиме контролни натпревари со нашите конкуренти. Тука е спаринг со кои ќе можат да се натпреваруваат двајцата куглари и по возраст. Стефанија Алексовска: Овој пат, за чудо, веруваме во себе

-Имам 17 години ученичка во гимназијата  Таки Даскало. Започнав со куглањето пред 4 години кога се вклучив од љубопитност со проектот „Кугламе и сме среќни“  Навистина бевме среќни, се собравме убаво друштво и на почеток убаво куглавме и се дружевме сите кои се зачленивме во клубот. До тогаш тренирав кошарка, но престанав и продолжив со куглањекое ми беше поинтересно. Можеби придонесе и тоа што многу добро напредував и тоа ми беше мотивација за понатаму и да се вложувам максимално. Оваа година со кугларско искуство ид 4 години бев најдобра кугларка во оваа сезона во женска конкуренцијав во Македонија.Сега ќе учествувам на Светскиот куп и чувствувам голема одговорност дека треба да се претставиме во најдобро светло. Тренинзите се многу напорни немам време ни за себе, буквално за ништо друго во слободно време. Многу сум посветена, сакам да постигнам на ова натпреварување. Не толку тренинзите колку што физичките подготовки после тренинг ми се многу напорни. Покрај училишните обврски, посетувам и дополнителни часови по некои предмети и потоа тренинзи  Искуство со поголеми  натпревар каде имав забележиелен настап беше на Светско првенство во Словенија.Архан Арслановски: Првата цел ја остарив, сега  на ред е Естонија.

Уште со проектот заедно започнавме. Добро би било да има уште вакви проекти. За почетоко беше тешко и после 2 недели се пронајдов до овој спорт. Досега имам учествувано на турнирот во Белград за куглари до 20 години и “Опен Приједор“ каде имав забележителни  настапи, на едната патека имав најдобри поени од сите. Многу тренираме и мислам дека со нашата упорност ќе постигнеме. Проблемот е што на овој куп  времето е кратко за да се пласираш и одиш понатаму. Имаме само 120 кугли и од нив се зависи и немаш право на грешка, затоа притисокот е голем.За мене најважно е психички да сум подготвен. Не е исто да се натпреваруваш со оние кои се многу добри, тоа досега ми претставуваше и ми беше голем проблем. Прашањето кое во себе си го поставувам е, дали ќе можам да бидам толку добар како мојот противник, сега се соочувам со ова и се надевам дека ќе го надминам. Даваме се од себе во тренинзите и немаме време за ништо. Хоби ми е возењето мотор и слушањето музика која ја користиме и како техника за опуштање кога тренираме.

Како и секогаш постојат организациски проблеми, за кои Михајловски вели:

-Морам да кажам дека пред учество на ова натпреварување, овој куп, се соочуваме со сериозни тешкотии во смисла на материјални средстав кои се неопходни за овој Светски куп. Ова патување ќе чини многу, за авионски билети, ќе мора да се патува со стандардни летови кои се поскапи. Ќе напоменам  дека постои и децениска борба со  сметката на Федерацијата која е блокирана. Но, наш избор беше да не чекаме да се одблокира, туку  сами да се снајдуваме и  благодарение на тоа обезбедуваме средатва за да можеме да патуваме. Одиме само јас како тренер и двајцата натпреварувачи, без замени за да немаме дополнителни трошоци.

Овие млади куглари од Битола ќе ги следиме на нивните подготовки и натпревари пред заминувањето на Светскиот куп во Естонија каде заслужено ја претставуваат Битола и Македонија.

Ж.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »