Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј со нов грб, автор Васко Тромбев инспириран љубовта кон спортскиот битолски бренд

Вечерва одбојкрскиот клуб Пелистер Волеј од Битола, го промовираше новиот грб – лого на клубот, кој веќе од утре ќе го користат сите клубови, пионерскиот, кадетскиот, младинскиот и сениорскиот. 

Од Пелистер Волеј истакнуваат дека  новото модерно лого на Пелистер Волеј – Битола, во иднина ќе го користат како официјално лого на клубот, а на авторот, Васко тромбев од Битола, и официјално ќе му се заблагодарат.

-Огромна благодарност до човекот кој е најзаслужен, кој долго време не следел, кој самостојно го изработи и ни го подари со голема љубов ова преубаво лого, инспириран и воден од љубовта кон спортскиот бренд на нашиот град, името на Пелистер. “Ситниците“ се најважниот дел во големата слика од мозаикот на Пелистер Волеј, Благодариме Васко Тромбев, истакнуват од клубот, и искажуваат благодарност од сите членови, управата и навивачите.