Денес во Битола престојуваше премиерот на Бугарскиот, Кирил Петков, а во бугарската делегација беа уште и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова и пратеничката Екатерина Захариева. Причината за престојот во Битола беше свеченото отворање на клубот на Центарот за култура “Иван Михајлов“.Домаќини на бугарскиот премиер му беа членовите на бугарскиот културен центар “Ванчо Михајлов“.
На претседателот на клубот Љупчо Геогиевски бече прв говорник на свеченото отворање, премиерот Петков на Георгиевски му подари икона.
Премиерот на Бугарија, Кирил Петков во Битола рече:
-Доколку не работиме заедно од двете страни на границата, постои опасност проблемите што ги имавме со години да продолжат. Од друга страна, постои реална можност, ако се обединиме, ако посегнеме во сите правци со владата, имаме шанса да направиме вистински чекори напред. Додека владите можат да работат на документи и различни дипломатски чекори што треба да се направат, тука борбата е за срцата и умот на луѓето од двете страни на границата, а тоа не може да се случи врз основа на документи. Ова мора да се случи врз основа на заедничко дејствување, кохезија и заедничка работа. Она што стана јасно во нашата коалиција, и во Бугарија во целина, и мислам од другата страна на границата и во разни институции, дека е време да ги решиме нашите разлики. Бугарската заедница во Македонија е мост меѓу двете држави, порача премиерот на Бугарија Кирил Петков .
Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, при посетата на Битола денеска кажа:
-Треба час поскоро да бидете дел од Европската Унија, но дека тоа ќе се случи само ако се решат правата на Бугарите. За Македонија да биде членка на ЕУ тоа се правата на Бугарите во Македонија. Права кои треба да се исполнат, за да бидете да биде дел од ЕУ. Тоа е позицијата на Бугарија. Се радувам што сум тука и што сум дел од овој настан.
Истото мислење го дели и Теодора Генчовска, министер за надворешни работи на Бугарија.
-Како што беше кажано од премиерот и вицепремиерот, сите цели треба да бидат насочени кон правата на Бугарите на Македонија. Тоа ќе биде нашата основна цел, и се надевам со помошта на Собранието да бидат овозможени, рече Генчовска.

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, во Битола на свеченото отворање на клубот “Иван Михајлов“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Мозаици на академик Газанфер Бајрам изложени во Офицерски дом во Битола
- Денес по петти пат “Зелен Баир“ пошумување кај Кркардаш, “БВ бизнис груп“ обезбеди 500 зимзелени садници (фото)
- Интервју: Мими Марковски, музичар, водител, новинар од Битола: “југото“ медуим со урбани ликови е во прв план (фотогалерија)
- “Мобилност Македонија“ во Битола го одбележа 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со инвалидност (фотогалерија)
- Форумот на жени на СДСМ Битола дел од кампањата “16 дена активизам…“ под мотото “Сакам СЛОБОДНО да се движам“