ЈКП “Водовод“ од Битола ги известуваме граѓаните дека на ден недела, 17 април 2022 година, заради поправка на дефект на улица “Кирил и Методиј“, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на ул. “Кирил и Методиј“ на потегот од зградата на “Т мобиле“ до ул. “29-ти Ноември“ и потегот на ул. “11-ти Октомври“ од црквата “Св. Димитрија“ до ул. “Кирил и Методиј“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.