Денес, недела, 17 парил, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 8 степени.
Утре, понеделник, 18 април, во Битола, времето ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 8 степени.