Во просториите на Бидо центарот во Битола, вчера се одржа полагање за лиценци, за нови тренери, а се одржаа по после подолга пауза заради пандемијата. Исто така се одржа и полагање за мајсторски појаси 1-ви дан и 2-ри дан, а кандидатите беа претставници од КРА Нико од Кочани.Нови тренери кои се стекнаа со лиценци се Петар Ристески од Пелистер, Далибор Јошевски Пецарски од Пелистер, Оливер Серафимов, Љупка Јорданова сите од КРА Нико од Кочани и Томе Кузмановски од Пелистер.
Со мајсторски-црн појас 1-ви Дан се стекнаа Анга Гицова, Оливер Серафимов и Љупка Јорданова, а со 2 Дан се стекнаа Станче Минов, Кирил Јованов и Кирил Апостолов.
-Полагањето за лиценци се одржа под покровителстрво на Аикидо федерацијара на Македонија реално аикидо, а во техничка организација на Аикидо клубот Пелистер од Битола. Кандодатите покажаа одличен квалитет, а од име на комисијата и Федерација им ги честитам новите титули на кандидатите, вели Ѓуро Илич, раален аикидо мајстор 8 Дан.
Комисијата ја сочинуваа Ана Врачаревиќ аикидо мајстор 9 Дан – претставник наWCRA (светскиот центар за реално аикидо), Ѓуро Илиќ – 8 Дан и Дејан Чавкоски 5 Дан.
Посебни плакети им беа доделени на Ана Врачаревиќ и Ѓуро Илиќ за поседен придонес во развој на реалниот аикидо.