Press "Enter" to skip to content

Во Битола 2 нови позитивни на ковид-19, оздравени 41 пациент, активни 126 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 684 тестови, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 2.

Регистриран e 231 оздравен пациент од Битола се 41.

До сега во Битола има 15.130 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 126 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.

Вчера во Битола не беа правени ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.997.169 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.620, бројот на оздравени пациенти е 298.532, на починати е 9.262, а бројот на активни случаи изнесува 826.

More from ВестиMore posts in Вести »