Press "Enter" to skip to content

Пелистер со победа над Феникс 2010 стартува во втората фаза, во Супер лигата

Феникс 2010 – Пелистер 69:77

Спортска сала “Јане Сандански“ во Скопје, гледачи 100

Судии: Павлов, Мијалковски и Лазов

Феникс: Петков, Вилијамс 19, Митревски 13, Хот 3, Трајковски 23, Стојановски 2, Кацарски 2, Михајловски 4, Димевски, Величковски 3, Стојковиќ, Димитриевски.

Пелистер: Стајиќ 8, Малешевиќ 7, Кесар 20, Крстајиќ 17, Младеновски 4, Пајиќ, Најдовски, Караџовски 10, Хаудтон 2, Младеновиќ, Ѓуровски 9, Трајковски. 

Екипата на Пелистер од Битола, со победа ја започна Супер лигата, победувајќи ја во Скопје екипата на Феникс 2010, а со поостигнатиот резултат ја потврди улогата на фаворит, која ја имаше пред натпреварот.

Пелистер имаше контрола на играта и резултатот во текот на целиот натпревар, а домаќините имаа минимална предност на почетоток на натпреварот, 7:5, а потоа Пелистер заигра добро во одбрана и напад и дојде до крајот на првата чествртона до 15:22.  В0 втората четвртина Пелистер имаше +18 поени 19:37, но кошаркарите на Феникс се организираа и на полувреме заминаа со -4, 38:42.

Третата четвртина заврши со +12 за “пелистерви“, а во тие 10 минути, некаде на средината домаѓините дојдоа до негатива од 4 поени. До крајот Пелистер направи разлика со која си обездедија помирна завршница.  Во последната четвртина разликата се одржуваше на околу десетина поени плус за Пелистер, а кошаркарите на Феникс дојдоа до -7, но тоа не беше доволно да се изненади Пелистер, чии кошаркари завршија со 69:77.

Најефикасен кај Пелистер беше Кесар со погодени 20 поени, а дебитантот во зелено-белиот дрес, Крстајиќ постигна 17 поени, пред Караџовски со 10 поени.

More from СпортMore posts in Спорт »